• Mon. May 20th, 2024

Наковски волеј лесно и убедливо, како на тренинг славеа против тетовчанки

Одбојкарките на Наковски волеј им одржаа лекција на составот на Универизтет Тетово по одбојка. Лесно и убедливо со 3:0 го добија мечот кој лани привлекуваше внимание но годинава струмичанки докажаа дека ќе го имат главниот збор

Избраничките на Хари Наковски како на тренинг си ,,поиграа,, со гостинките кои во трите сета освоија едвај 34 поени ( 25:10, 25:07, 25:17).  Домаќинките вложија толку колку што беше потребно да се има контрола на резултатот. Дефинитивно сервисите на Ивана Милева во првиот и на Сара Делчева во вториот сет беа енигма за тетовчанки каде потфрли приемот и организираниот напад

Ова е втора победа на одбојкарките на Наковски волеј и со 7 бода се на врвот на прволигашката табела

Снимка од дуелот ОК Наковски В.- Универзитет Тетово  на програмата на Канал ВИС во недела во 17:30 часот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *