• Sat. May 18th, 2024

Наковски Волеј го пречекува Универзитет Тетово за финале и борба за злато и КУП титула

ByВане Трајков

Mar 27, 2018

Одбојкарките на ,,Наковски волеј,, утревечер среда (28.03) во 19 часот во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, ќе го одигра реванш дуелот од полуфиналето на КУПОТ на Македонија со тимот на ,,Универзитет Тетово,,. Ова ќе биде натпревар за пласман во големото финале со што, клубот  ќе испише историја бидејки за две сезони во прволигашката конкуренција , Наковски волеј  ќе игра за титула.

По првиот меч во Тетово, струмичанки имаат предност од 1:0, имајки во предвид дека славеа со 3 : 2 во сетови. Оптимизмот доаѓа и по првенствената победа против тетовчанки од 3:0 во чииј табор има далеку поискусни  одбојкарки . Но треба да се одработи и реванш полуфиналниот меч со успех односно позитивен резултат.

За пласман во големото КУП финале потребна е било каква победа на избраничките на Хари Наковски. Во случај на пораз од 3:2 ќе се игра златен сет а било каков негативен друг резултат, КУП финалето ќе биде само сон.

Наковски волеј се надева на подршка од трибините во 19 часот во салата при СОУ ,,Димитар Влахов,, која несомнено ќе биде исполнета до последно место, бидејки најавуваат интересен меч кој ќе биде увартира на големото КУП финале и борбата за златните одличја  

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *