• Fri. May 24th, 2024

На подрачјето на СВР Струмица 15 лица не го почитувале последниот полициски час

ByВане Трајков

Apr 10, 2020

На подрачјето на СВР Струмица 15 граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Седум лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, шест на подрачјето на Полициска станица Радовиш и по едно лице на подрачјата на Полициските станици Гевгелија и Валандово. Во просториите на полициските станици се приведени две лица..На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 15 нови лица во самоизолација, а вкупно се извршени 23 контроли над лица кои со Решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 31 контрола над лица кои се во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *