• Sat. May 25th, 2024

На Германија ѝ фалат работници: „Ни требаат 1,5 милиони доселеници годишно

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Зголемената имиграција може да биде лек за проблемот со недостиг од работна сила во Германија, нагласи економистката Моника Шницер.

  • „На Германија итно ѝ е потребна култура на добредојде“ – додаде Шницер.

Моника Шницер е лидер на експертското тело „Sachverständigenrat“ (Совет на експерти) кое го анализира економскиот развој во Германија и во кое членуваат водечки економски експерти.

Шницер прецизираше: „Не треба да бараме странските експерти да знаат германски за секоја работа, туку да се погрижиме вработените во канцеларијата за странци да знаат и англиски јазик“.

Според Шницер, Германија ќе мора да инвестира повеќе во децата за да почне да го решава проблемот со недостигот на квалификувана работна сила.

By Ѓ. K.