• Sat. May 18th, 2024

 Мртви мачки фрлени во речно корито кај Раборци – грaѓаните реагираат (видео)

Непознати сторители деновиве во малата рекичка кај викенд населбата кај Раборци фрлиле мртви  мачки. Сопствениците на викендици реагираат и бараат од граѓаните да  ја почитуваат природата и водните ресурси. Раде Ризов кој има викендица кај Раборци случајот го регистрирал и преку апликацијата на Граѓански новинар достави видео како мртви домашни миленичиња се фрлени во речното корито . Според него станува збор за несовесни граѓани кои и покрај апелите на сите за здрава животна средина ги уништуваат водите од кои се напојува добиток а истата вода влева и во брана Водоча. Како што тврди Ризов во речното корито биле фрлени најмлаку осум починати мачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *