Регион

Мозаикот „Линиите на звукот“ во ОМУ „Боро Џони“ во Струмица

Ученици од Основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица ставија по едно камче во мозаикот „Линиите на звукот“ што беше отворен на предниот ѕид од школото, дел од проектот на невладината организација “Добредојде Македонија Центар“.

Јасмина Башевска една од авторките на мозаикот, вели дека било вистинско задоволство да се работи оваа техника за ова дело.

-Мозаикот е една од најстарите македонски техники. Тоа не е само уметност, туку е и филозофија и поглед на живот. Секоја линија означува или линија на звук или линија на мисла. секое спојување на таа коцкичка, триаголник или каква и да било форма, претставува заокружување на една целина, рече Башевска.

Од невладината организација „Добредојде Македонија“ кои седум години работат на културна дипломатија во промоција на природно-историските убавини и богатства на Македонија, велат дека целта им е развој на мозаикот како културна индустрија.

Препорачуваме:

ООУ „Сандо Масев“ гости во „Голем одмор“ на МТВ

1083 барања за легализација на дивоградби чекаат во о.Гевгелија

Помалку часови за основците , се укинуват работните саботи,зимски распуст ќе има и за наставниците