• Mon. May 20th, 2024

Младите одбојкарки на Наковски волеј доминантни на најстариот одбојкарски камп во Србија

ByЃ. K.

Aug 1, 2023

Младите одбојкарки на Наковски волеј се вратија со награди од најстариот одбојкарски камп во Србија, Дејан Брџовиќ.

Ивана Ценева е избрана за најдобра пионерка, а Марија Донева ја освои наградата за најдобра кадетка на овогодинешниот летен камп.

Kвалитетот на одбојкарки беше препознаен од тренерите во кампингот во Гоч, Србија како и посветеноста и работењето на тренерите во нашиот камп, велат од „Наковски Волеј“.

На кампот присуствуваше и младиот одбојкар Атанасиј Делевски од ОК Струмица Никоб кој се стекна со награда – најперспективен играч на кампот.

ОК Наковски волеј истакнаа дека ова е незаборавно летно доживување за сите деца, надежни одбојкари.

By Ѓ. K.