• Fri. May 17th, 2024

Младите борачи од Радовиш со пет медали од балканските спортски игри во Турција

Пионерите на БК ,,Бучим,, од Радовиш освоија пет медали на балканските спротски игри што се одржаа во Јалова Турција.  Стефан Димитров стана балкански шампион во својата категорија и се закити со златниот медал додека  Стефан Митев и Мартин Костадинов ги освоија сребрените одличја. Меѓу освојувачите на медали  и тоа бронзени беа Ѓорги Калајциев и Ѓорги Ѓоргиев.

БК ,,Бучим,, од Радовиш учествуваше со  осум борачи во повеќе категории на овие балкански спортски игри во Јалова Турција каде учествува  млади спортисти од 13 држави .

Овие дечиња од БК ,,Бучим,, беа предводени од тренерите Никола Калајџиев, Горан Атанасов и Добрин Трајанов.

Учеството на младите борачи од Радовиш на овие игри се должи на пријателските односи што општината Радовиш ги има воспоставено со општината Чинарџик од Р. Турција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *