Регион

Матурантите од струмичките средни училишта танцуваа квадрил четворка

Матурантите од струмичките средни училишта денеска точно напладне го одиграа танцот квадрил четворка. По осми пат тие беа дел од Матурската парада која секоја година се одржува традиционално за матурантите од Европа. Со исти чекори, осум минути го играа квадрилот од опера на Јохан Штраус, а сите беа со една мисла-како заедно да му се спротистават на насилството.

Струмичките матуранти полнолетството го прославија играјќи синхронизирано со илјадници нивни врсници од Скопје, Струга, Охрид, Гевгелија, Валандово и Неготино и уште 120 градови од 15 држави од Европа.Матурската парада во Македонија се одржува десетта година по ред, а нашите матуранти по осми пат ја претставија Струмица на најголемиот масовен валцер.

Матурската парада за прв пат се одржува во Љубљана во 2001 година, а сите заедно и годинава ќе се обидат да го урнат Гинесовиот рекорд во групно танцување.

Препорачуваме:

Левица ги повикува дојранчани да гласаат против на референдумот

Сузана Мицева

Само уште пет дена можете да ги пријавувате дополнителните приходи. Досега во Струмица се поднесени околу 8000 даночни пријави.

Dimitar Micev

1156 слободни места за упис во струмичките средни училишта.Сеуште не се знае како ќе течат уписите на 16 и 17 јуни

Стојне Митева