• Sun. May 19th, 2024

Мало гратче среде Ломбардија во Италија нема ниту еден заразен со коронавирус

Италија е на листата со најмногу смртни случаи од коронавирус во светот. Речиси по илјада луѓе умираат дневно од вирусот а областа Ломбардија е целосно под карантин еден месец. Сепак, среде Ломбардија се уште има гратче без ниту еден заболен. Местото Ферара Ербононе има околу 1.100 жители и ниту еден заболен од вирусот, пренесува Makfax.

„Ние сме горди и среќни што имаме ваква ситуација, но не можам да кажам дека не се плашиме затоа што луѓето умираат во градот до нас“, вели локалната продавачка Мери Де Лука.

Сè уште не е јасно зошто градот, на 50 километри југозападно од Милано, е целосно поштеден од коронавирусот.

„Бевме многу внимателни од првиот ден“, вели Де Лука, сопственичка на самопослуга.

„Нашите клиенти од почетокот на појавата носат маски и ракавици“. Таа ги пофали локалните власти и локалната цивилна заштита за навременото информирање на јавноста и распределбата на заштитни маски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *