• Sat. May 18th, 2024

Македонски полициски синдикат: Верските заедници и граѓаните да се воздржат од собири и настани

Македонскиот полициски синдикат од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на било каков друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од Ковид-19, пренесува Макфакс.

„Изминатите три месеци, заедно со здравствените работници деноноќно работиме на ваша заштита, на заштита на вашите и наши семејства Постапувавме со грижа кон секој од вас и со подадена рака да си помогнеме едни на други. Упатуваме апел до сите вас, воздржете се од непочитување на мерките, воздржете се од повик на собири и други облици на загрозување на здравјето на граѓаните. Не заборавајте и ние сме луѓе, и ние сме нечие семејство, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на вашите и нашите семејства со непочитување на мерките. Вработените во МВР вложија многу во овој период, ги ризикуваа животите, дел и заболеа од вирусот“, велат од Македонскиот полициски синдикат.

Оттука апелираат да не се дозволи ширење на вирусот и загрозување на здравјето на сите граѓани и да се почитуваат мерките за заедно да бидеме победници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *