• Mon. May 20th, 2024

Македонија против Данска за злато во Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација денес во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска.

Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарците совладувајќи ги со 3:1 во сетови.

Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата на Хрватска со 3:2 во сетови.

Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, а претходно (17 часот) во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *