• Sun. May 19th, 2024

Македонија под влијание на топлотен бран, температури над 35 степени

Под влијание на топол бран следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и в среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Инаку, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *