• Sun. May 19th, 2024

Македонија на ЕП против светскиот вицепрвак

ByЃ. K.

Jul 7, 2023

Женската младинска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Романија.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Данска, која е еден од фаворитите на младинскиот континентален собир.

Данска во првото коло немаше проблеми против Чешка, оствари убедлива победа од 36:26, додека Македонија беше поразена од Црна Гора со 33:29.

Доколку Данска и Црна Гора победат во денешните дуели против Македонија, односно Чешка, тогаш двете репрезентации ќе обезбедат пласман во следната фаза.

Распоред на денешните натпревари

12:00 ХОЛАНДИЈА – ХРВАТСКА

12:00 СРБИЈА – УНГАРИЈА

14:15 ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА

14:15 ШВЕДСКА – ШВАЈЦАРИЈА

16:30 ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА

16:30 МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА

18:45 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА

18:45 ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА

By Ѓ. K.