• Sat. May 18th, 2024

Македонија има светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски се закити со златниот медал на СП во Португалија

ByЃ. K.

Nov 24, 2023

Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов.

Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал.

Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0

By Ѓ. K.