• Sun. May 19th, 2024

Локалниот совет за женско претприемништво организираше средба со ученичките од СОУ „Јане Сандански”

ByЃ. K.

Mar 7, 2024

Локалниот совет за женско претприемништво на општина Струмица по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, организираше средба со ученичките од СОУ „Јане Сандански”.

Координаторката за еднакви можности на општина Струмица Нела Масалковска ја презентираше улогата на Советот, додека жените претприемачки ги споделија своите искуства, почетоци и предизвици и упатија порака дека жените треба да бидат упорни и борбени за своите достигнувања и најважно од се е да бидат економски независни.

By Ѓ. K.