• Mon. May 13th, 2024

Кривично ќе одговара мајката на 4-годишното девојче кое беше хоспитализирано и неухрането со многу рани

ByЃ. K.

Feb 3, 2024

Мајката на четиригодишното девојче од Струмица, кое беше примено во тешка состојба и хоспитализирано во Детската клиника во Скопје, ќе биде кривично гонета за злоставување и запуштање на детето. Според кривичниот законик, таа може да биде осудена на најмалку 10 години затвор (член 201, став 3).

Иако била задолжена да се грижи за својата четиригодишна ќерка, осомничената грубо ја запоставила својата родителска обврска, дозволувајќи истовремено детето да биде изложено на запуштање и злоупотреба. Ова влијаело на здравјето, развојот и личната безбедност на детето, што резултирало во сериозно нарушување на неговото здравје.

Девојчето било првично примено во ЈЗУ Општа болница во Струмица, а потоа хоспитализирано во Клиниката за детски болести во Скопје, при што тежело едвај 8 килограми, со многу рани по телото и потреба за реанимација.

Мајката тврдеше дека раните биле резултат од напад на куче, но обвинителството ќе направи дополнителна истрага, вклучувајќи и вештачки наод од Институтот за судска медицина. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи дејствува за обезбедување на заштита за останатите три деца во семејството.

By Ѓ. K.