• Fri. May 17th, 2024

Костурино верно на традицијата: Одржан традиционалниот турнир во пеливанско борење – „ѓуреш“

ByЃ. K.

Jul 12, 2023

Жителите на Костурино и годинава, покрај високите температури, останаа верни на традицијата. Како и секоја година празникот Петровден повторно беше во знакот на традиционалниот турнир во пеливанско борење, што секоја година се одржува на денешен ден.

Градоначалникот Костадинов ги пофали жителите на Костурино истакнувајќи:

  • „Кога и високите горештини не се пречка да се остане верен на традицијата, тогаш Костурино и неговите граѓани ги заслужуваат сите мои честитки.“

Оваа долгогодишна традиција од претходните генерации се негува до ден денес, со љубов кон селото и љубов кон пеливанското борење.

Костадинов им го честиташе празникот и турнирот на граѓаните од Костурино.

  • „Нека им е за многу години Петровден на сите граѓани кои го слават овој убав празник“, истакна тој.

By Ѓ. K.