• Wed. May 15th, 2024

Костадинов строго го осуди вандализмот: „Прости им Гоце, не се сите граѓани како овие“

ByЃ. K.

Feb 2, 2024

Градоначалникот Костадин Костадинов строго го осуди вандалскиот чин, сквернавењето на споменикот на Гоце Делчев, тој на своите социјални мрежи напиша:


„Да се биде Македонец е чест, привилегија и одговорност!

Да се почитува Најголемиот наш Гоце е морална обврска врзана за нашето постоење.

Со него сме се, без него ништо!

Да се сквернави споменикот негов е благо кажано идиотизам.

Најостро го осудувам ваквиот вандалски, грозен чин.

Во контакт сме со СВР Струмица и очекуваме сторителите дека ќе бидат најдени.

Екипите на Комуналец ќе го исчистат споменикот.

Прости им Гоце, не се сите граѓани како овие…“

By Ѓ. K.