• Sat. May 18th, 2024

Комплетна реконструкција на санитарен јазол во ПУ „Климент Охридски“- Смоквица

Во ПУ- Смоквица, при ООУ „Климент Охридски“- Миравци,во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарел јазол. Во рамки на раконструкцијата ќе бидат поставени нова санитарна опрема и плочки.           

Ваквата акција за реконструкција на санитарниот јазол во Подрачното училиште започна со цел да се обезбедат соодветни  услови пред самиот почеток на новата учебна година и приемот на учениците, како и во рамките на заштитата и спречување на ширењето на Корона вирусот. За овој зафат училиштето издвои средства од сопствениот Буџет.            Инаку, изминатиов месец, во Централното училиште ООУ „Климент Охридски“- Миравци се реновираа сите тоалети. Акцијата опфати целосна замена на санитарните јазли и опременост со хигиенски средства, со цел да се зголемат стандардите за хигиена. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *