• Sun. May 12th, 2024

КК Струмица никако да забележи победа – претрпеа пораз и од Куманово

ByВане Трајков

Oct 30, 2017

Кошаркарите на Струмица никако да го најдат вистинскиот пат за славје и победа во годинашиов шампионат. И во четвртиот првенствен натпревар од Првата лига претрпеа пораз. На свој терен станаа лесен плен и за Куманово кој во салата Парк се прошетаа со 90:66.

Дека ќе претрпат пораз избраниците на Власис Влаикидис се виде уште во првата четвртина каде за 10 минути уфрлија едвај 9 поени наспроти кумановци кои постигнаа дури 22. Ниту втората четвртина не се смени сликата по што Куманово по првото полувреме имаше двојна предност или од  42:24.

Единствен во тимот на Струмица кој можеше да ја поднесе играта на кумановци беше Американецот Тајнс.Веќе 30 поени разлика во третиот период направија гостите од Куманово, па рутински си го доведоа мечот кон победа со финален резултат 66:90.

Со четири порази од четири натпревари КК Струмица е на дното од прволигашката табела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *