• Fri. May 17th, 2024

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки по најавата за прекинување на договорот за екстрадиција со Хонг Конг.

Кога Велика Британија објави дека ќе го прекине договорот за екстрадиција што го има со Хонгконг, полуавтономен регион во Кина, Пекинг ги повика британските власти веднаш да ги исправат своите грешки.

Говорејќи на редовна прес-конференција, повикот го испрати во Лондон портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, истакнувајќи дека дејствата на Велика Британија претставуваат кршење на меѓународното право и норми.

Кина остро се спротивставува на тоа и го задржува правото да реагира, рече Ванг, пренесува „Ројтерс“.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *