• Thu. May 16th, 2024

Исплатени субвенциите за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.864 лица исплати субвенциии за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.

Станува збор за исплата на мерката „211 помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства што вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека oва е дополнителна мерка со која сите земјоделци што вршат дејност на места со ограничени можности добиваат дополнителни 15 % од директните плаќања за површина, грло добиток или единица производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *