• Tue. May 14th, 2024

ИРИ: Градоначалникот Костадин Костадинов меѓу најсигурните лидери во Македонија

ByЃ. K.

Feb 5, 2024

Костадин Костадинов меѓу најсигурните лидери во Македонија, стои во новата студија на Меѓународниот републикански институт ИРИ, а врз основа на ставовите на граѓаните.

Во оваа студија која ги опфаќа ставовите на граѓаните од шест општини и тоа низ реакцијата на неопределените гласачи, градоначалникот Костадинов е оценет како најсигурен лидер, доверлив, комуникативен, достапен, амбициозен и работлив.

„Учесниците конкретно истакнаа дека не е пристрасен кога е во прашање решавањето на проблемите и дека е посветен“, пишува во студијата на ИРИ.

„Поклон до земја моја Струмицо. Нема поголема радост којашто ти е подарена од тие на кои им служиш и за кои работиш. Моите струмичани ги препознаа и потврдија мојот труд, мојата посветеност, мојата љубов кон нив и Струмица, преку дела и од срце. Ви благодарам мои струмичани за вашите позитивни оценки за мојата работа. Ме правите горд и ме радувате, но и ме обврзувате да ви вратам со уште повеќе работа, посветеност и проекти сработени од срце“, напиша Костадинов.

By Ѓ. K.