• Sat. May 18th, 2024

Израел ќе биде домаќин во Струмица на еден од турнирите во Сребрената лига

ByЃ. K.

Mar 20, 2024

Израелската одбојкарска федерација во Македонија ќе биде домаќин на еден од турнирите во годинешното издание на Сребрената лига.

Одбојкарската федерација на Македонија потврди дека Израел побарал помош за организација на турнирот, кој ќе се одржи во Струмица од 31 мај до 2 јуни.

Освен Израел, на турнирот ќе учествуваат и одбојкарските репрезентации на Австрија и Исланд. Во Сребрената Лига на ЦЕВ оваа година ќе се вклучи и селекцијата на Фарските Острови, дополнително до овие три учесници кои ќе се натпреваруваат во Струмица.

By Ѓ. K.