• Sat. May 18th, 2024

Игор Џамбазов ќе биде новиот водител на Струмичкиот карневал

ByЃ. K.

Mar 11, 2024

Денеска се одржа прес-конференција преку која на македонската и меѓународната јавност, ѝ беа најавени претстојните карневалски свечености во нашиот град.

Градоначалникот Костадинов ја имаше честа да го поздрави и да му се заблагодари на долгогодшниот водител на струмичкиот карневал Ѓорги Калајџиев, но и да го најавам новиот водител, познатиот македонски актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов. При тоа, на двајцата, инаку добри пријатели, им ги доделив првите два примероци од новата статуетка на Струмичкиот карневал.

Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, ги информираше новинарите дека на карневалот ќе земат учество 49 карневалски групи, од кои 20 од странство, но и за јубилејот – 30 години од членството на Струмичкиот карневал во FECC.

„Струмица ќе биде претесна да ги прими сите гости, но истата таа Струмица има големо срце за сите добронамерници. Се гледаме во среда на примопредавањето на клучот на градот, од мои раце во рацете на струмичките карневалисти“, порача Костадинов.

By Ѓ. K.