• Sat. May 18th, 2024

Земјоделците ќе го добијат назад персоналниот данок на крајот од годината.

Со измените на Законот за персонален данок на доход, на земјоделците со приход до еден милион денари годишно, ќе им биде целосно враќан платениот персоналец во тековната година, во почетокот на наредната година. Наместо досегашното решение да не се плаќа персоналец за приходи до 300 илјади денари, сега се крева прагот на милион денари. Практично ослободувањето се претвори во поврат на данок за приходи до милион денари за земјоделци на кои тоа им е основна дејност, најави ресорниот министер Љупчо Николовски.

„Тоа значи дека околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. Нагласувам: Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од товарот на персоналниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците“, велат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Не водеше состојбата во земјоделскиот сектор и потребите на индивидуалните земјоделци. Разговаравме со сите засегнати страни за да биде постапката сеопфатна, изјави министерот Николовски.Заедно со Mинистерството за финансии, имаме предлог законско решение за персонален данок, од кој директна полза ќе имаат земјоделците.Имено, сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *