Регион

Земјоделството на удар на климатските промени

Македонското земјоделство трпи силни удари од климатските промени. Ако завчера утринските температури беа до плус пет степени целзиусови, сега тие се движат дури до 15 степени. Големите температурни разлики за многу краток период се вистински шок за земјоделските култури, кои резултираат со појава на многу болести и штетници. Петар Горѓиевски од Мрежата за рурален развој на РМ, апелира до сите земјоделци, да се превземат одредени мерки за заштита од климатските промени.

Некои раноградинарски култури засега потфрлуваат со родот. Доматот за разлика од лани е посаден на многу помала површина, а поради одредени болести кои веќе почнаа да ги напаѓаат растенијата, производителите стравуваат дека ќе претрпат големи загуби.

Штетите од климатските промени се големи и разновидни во зависност од земјоделските култури, а некаде достигнуваат и до уништување на целото производство.

Препорачуваме:

Годишнина од убиството на петте струмички студенти

Сузана Мицева

Климатските промени лоши за земјоделството

Рудникот кај Иловица ќе се гради според меѓународните еко стандарди -вечерва во vis a vis Еуромакс и експерти, за рудникот што се најавува