• Sun. May 19th, 2024

Здрава котлина бара да се заштитат планините Беласица и Огражден

По информацијата на Владата дека Шар Планина е прогласена за национален парк, а Осоговските Планини за заштитен предел, активистите на Здрава Котлина побараа ваков чекор да се преземе и за планините во Југоистокот, Беласица и Огражден. 

Ова не е првпат вакво барање да се упати до надлежните институции. Активистите коишто се залагаат за здрава животна средина од целиот југоисточен регион уште минатата година поднедуваа вакви иницијативи за овие планини, но и за планината Кожуф.

На тој начин тие се надеваат и дека ќе успеат да ги заштитат околините од отворање на рудници, борба што траеше речиси четири години во целиот регион. Со референдумите на локално ниво, лобирање и протести се спречија отворања на најмалку три рудници во југоистокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *