• Sun. May 19th, 2024

Зголемена контрола на депонијата кај Гевгелија

По серијата пожари на депонијата кај Гевгелија, воведена е целосна контрола на просторот каде што се депонира комуналниот отпад, но и на околниот простор. Од страна на ЈПКД„Комуналец“ извршено е целосно заградување на депонијата и обезбеден само еден влез за возилата кои депонираат отпад. Околниот простор е исчистен и од страна на инспекциските служби во општина Гевгелија контролата е зголемена. Пред се, во поглед на одржување на просторот за депонирање на отпадот. Паралелно се преземаат и заштитни мерки за отстранување на дивите собирачи на пластика, главно, Роми од другите делови на земјата, кои диво се населуваат крај депонијата.
Во текот на март депонијата неколку пати беше потпалувана, засега од непознати сторители, што предизвикуваше голем чад кој се ширеше и во градот. Со заедничка акција на ТППЕ-Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“ кој стопанисува со депонијата и специјални екипи за дејствување и локализирање на пожари предизвикани од комунален отпад, депонијата беше ставена под контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *