• Fri. May 17th, 2024

Засега останува само еден случај на омикрон во Македонија, вели Филипче

By

Dec 27, 2021

Во Македонија нема друг регистриран случај на заболен со омикрон сојот. Засега останува само лицето дојдено од Велика Британија, а наредната недела ќе се прави дополнителна анализа, изјави министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на гинекологија „Чаир“.

Одговарајќи на новинарски прашања Филипче најави дека следната недела ќе се направат група тестови за дополнително секвенционирање, но дека засега епидемиолошката состојба е стабилна.

Со оглед на состојбата, според него, нема потреба од дополнителни мерки за заштита од корона вирусот и уште еднаш повика на вакцинација на граѓаните кои тоа досега не го направиле.

„Лично сметам дека ниту поради омикрон ни поради друг сој не треба дополнителни рестрикции. Сите земји во светот треба да научат да функционираат со општите правила. Тоа што се бара е задолжителна вакцинација, да не се преполнуваат затворените простории и да се почитуваат мерките за патувања, Животот треба да се нормализира“, рече Филипче.

Тој уште додаде дека е добро што здравствениот систем не е оптоварен со многу пациенти и дека би било добро ситуацијата така и да остане.

„Тоа што нема многу пациенти е огромно олеснување. Во многу од ковид-центрите нема приеми, а во десетина градови инфективните одделенија се празни. Дел од пациентите се праќаат дома со полесна клиничка слика. Но, ако има потреба мерките ќе се заострат“, изјави Филипче.

извор:https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/zasega-ostanuva-samo-eden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija-veli

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *