• Thu. May 16th, 2024

За првпат од 10 март, во Белгија нема смртни случаи

Во Белгија, која од земјите со средна големина беше најзагрозена со коронавирус,  за првпат од 10 март не е забележан ниту еден смртен случај во последните 24 часа.

Како и многу други европски земји кои беа погодени од епидемијата во март и април, бројот на заразени во Белгија е намален со воведување мерки за затворање што сега се олеснети, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје „Скиенсано“ е 9.787.

Во земјата живеат 11,5 милиони луѓе, што значи дека на милион жители починале околу 850 луѓе, што е најлош биланс во светот по Сан Марино.

Највисок дневен пораст на бројот на смртни случаи е на 12 април, кога се забележани 343 смртни случаи.

Во Белгија кривата на зголемувањето на бројот на заразени лица се израмни, а во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела.

Од почетокот на епидемијата во Белгија се заразени вкупно 62.781 луѓе.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *