• Sun. May 26th, 2024

За првпат во Струмица се одржа Фестивал на планински филм – ЕХО

ByЃ. K.

Dec 1, 2023

Градоначалникот Костадинов присуствуваше проекциите на филмови од ЕХО фестивалот на планински филм, кои се одржаа во во Младинскиот центар со поддршка од Општина Струмица.

Тој им се обрати на присутните и ги поздрави организаторите, како и претставниците на Алпинистичкиот клуб „Скала“ и Здружението за култура и визуелни уметности „Кадро“ кои исто така се поддржувачи на овој фестивал.

„Не се пропушта таква прилика без да споделат информации со присутните за потенцијалите на нашата општина во поглед на новите алпинистички локалитети, како што се „Карпата“ и „Исказник“, но и моите стремежи нивниот број да расте се повеќе“, истакна градоначалникот Костадинов.

ЕХО фестивалот на планински филм за првпат „допатува“ во Струмица. По прекрасните импресии, Костадинов посака тоа да прерасне во традиција, на задоволство на сите струмичките вљубеници во филмот и планините.

By Ѓ. K.