• Thu. May 16th, 2024

За 15 дена на трансакциите на скенирачите на фискални сметки би требало да легне исплатата за второто тримесечје

За 15 дена, односно во февруари на трансакциите на скенирачите на фискални сметки би требало да легне исплатата за второто тримесечје од мерката МојДДВ.

Доколку имавте проблеми со исплатата во првото тримесејче препораките се да ги проверите убаво вашите трансакциски сметки, дали правилно се внесени во апликацијата.

Инаку од првата исплата, поврат легнал кај 144.601 граѓани кои имале правилно внесени трансакциски сметки а исплатената сума е 155.244.780.00 денари.

Продолжете да скенирате фискални сметки, бидејќи така може да станете и потенцијален добитник на вредна парична награда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *