• Sat. May 18th, 2024

Животот ќе се врати во нормала напролет, тврди британски научник

По објавата на компанијата „Фајзер“ за новата вакцина, сер Џон Бел, професор на медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот штаб за борба против коронавирусот, изрази верување дека животот треба да се нормализира до пролет в година.

Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија туку и во многу други земји, наведува Би-би-си.

Бел изрази ентузијазам со објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но дека тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за Би-би-си на „Радио 4“, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има повеќе од една вакцина во Велика Британија.

Македонија, пак, вакцината треба да ја добие на почетокот на идната година, тврдат македонските здравствени власти.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *