• Sat. May 18th, 2024

Едно возило се преврте: Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

ByЃ. K.

Apr 13, 2024

Три лица се повредени во сообраќајка во Струмица откако две возила се судриле на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и Единство“, а едното од нив од ударот се превртело.

Според информацијата од СВР Струмица, на 12.4.2024 (петок) околу 16:30 часот во Полицисиката станица во Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шеворлет“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б. (77) од Струмица и товарно возило “фиат“, исто така со струмички регистарски таблички, управувано од К.Л.(45) од Струмица.

Тешко повреден е возачот на товарното возило, а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75)

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

By Ѓ. K.