• Fri. May 17th, 2024

Една година од прогласување на пандемија

Една година од прогласување на пандемија

Откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на 11 март минатата година, никој од нас не можеше да замисли колку ќе се промени светот.Кога ќе ги тргнеме маските и само ќе се сеќаваме на вирусот корона?

Никој не го знае одговорот на тоа, но има мала доза на оптимизам откако вакцинацијата започна на крајот на минатата годинаНа 11 март 2020 година,,Светската здравствена организација официјално ја прогласи инфекцијата со коронавирус која се шири скоро во целиот свет како глобална пандемија.Одлуката ја потпиша генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејзус, кој исто така го објасни овој потег на прес-конференција.

– Во изминатите две недели, бројот на случаи на „Ковид-19“ надвор од фокусот во Кина е зголемен за 13 пати, а бројот на засегнатите земји е тројно зголемен, рече тој.Во тој момент,повеќе од 118,000 луѓе беа позитивни во 114 држави во светот, а 4,291 починале.Една година потоа, бројките се следниве, 118.000.000 заразени, 66.700.000 оздравени и, за жал 2.610.000 починати.

Во Македонија до денес инфицирани се 108.000, оздравени се 95.822, а починале 3228 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *