• Sat. May 18th, 2024

Евица Трајанова на чело на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица

Евица Трајанова ќе ја предводи Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти општинскиот комитет. Со обајава на официјалната фејзбук страница, тие соопштија дека Трајанова, како долгогодишна и истакната членка ја заслужила оваа функција.

„Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Извршниот комитет денес донесе Одлука за вршител на должноста Претседател на УЖ Општински Комитет Струмица да ја именува Евица Трајанова. Нашата членка Евица Трајанова го започнува своето работење во структурите на Партијата пред две децении во рамките на младинската организација и е дел од структурите на организацијата и како таква е еден од докажаните кадри на Комитетот, професионалец, сопруга, мајка и патриотка.И посакуваме успешна работа и ги повикуваме сите членки да се вклучат во активностите на деновите што ни претстојат“, се вели во објавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *