• Sun. May 19th, 2024

Државната изборна комисија подготвена за локални избори

Завршен е најголем дел од планираните активности за локалните избори 2017 закажани за 15 октомври, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, кој истакна дека повеќето од општинските изборни комисии се веќе оперативни, а изборните одбори формирани. ДИК со подготовки за локалните избори започна веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори.

Чичаковски вели дека во моментов сите општински изборни комисии се целосно оперативни и ги добиле потребните просторни, технички услови од општините и нормално функционираат. Во моментов исто така се изготвуваат и доставуваат решенијата за избор на членовите на избирачките одбори.

извор: makfax.com.mk 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *