• Fri. May 17th, 2024

Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2024 година

ByЃ. K.

Jan 2, 2024

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2024 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.

И оваа година, како и претходните години, апликацијата содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници.

Во најскоро време обновената верзија на апликацијата ќе биде достапна и за IOS.

By Ѓ. K.