• Fri. May 17th, 2024

Донесена одлука за прекина на одбојкарската сезона

,,Се прекинува првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите
категории (мажи и жени), без прогласување на победници.За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првествата. Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учствуваат и да се натпреваруаат во највисок
натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување на пријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови,, стои во одлуката на Извршниот одбор на ОФМ
Според ОФМ  одлуките се донесени по последните препораки и забрани од страна на
Министерството за здравство за превенција од коронавирусот, како и по препораките
на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста,
коишто опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и
бројката на учесници, а особено имајќи ја во предвид моменталната состојба со
епидемијата (бројот на зболените) во нашата држава и продолжување на вонредната
состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *