• Sat. May 18th, 2024

Домаќинствата кои живеат на излезот од Василево кон Пиперево ќе може да се приклучат на фекалната канализација

ByЃ. K.

Jan 3, 2024

Домаќинствата кои живеат на излезот од Василево кон Пиперево ќе може да се приклучат на Крак 3 од фекалната канализација на општинскиот центар што го изгради општината. Кракот е веќе ставен во функција, а на него може да се приклучат 100-тина домаќинства откако ќе склучат Договор со ЈПКД Комуналец.

„Ако до пред две години во Василево немаше изградено ниту еден метар фекална канализација, денес заврши изградбата на крак К3 и тоа во ситуација кога општината е во најтешката финансиска состојба од своето постоење. Секој метар фекална канализација во Василево е долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните. Но овде не застануваме, оваа година ќе започне да се гради и нов крак од фекална канализација во населеното место Василево“, објави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Должината на овој крак изнесува 478 метри, а вкупниот буџет за реализација е околу 1.800.000 денари од кои околу 1.000.000 ден се од општинската каса и 700.000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и стратегијата за Ромите за 2023 година.

By Ѓ. K.