• Wed. May 15th, 2024

Доделени наградите на „АСТЕРФЕСТ 2016„

Филмот „Соседот на горниот кат“ на Поја Бадкобех, е добитник на Златната потковица на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Наградата „Сребрена потковица“ ја доби филмот „Осветлена темнина“ на Арсим Фазлија, а пак филмот „Пелтек“ на Бенџамин Клири беше награден со „Бронзена потковица“. Синоќа и официјално беа доделени наградите за најдобар краток игран филм, а жирито во конкуренција од 21 краток филм, своите одлуки ги донесе врз основа на уметничкото влијание на филмовите, оценувајќи ги како топли, човечки приказни, кои во потполност го изразуваат мотото „Мали приказни – голем ум“ .

Наградата „Старозлатен проектор“ ја доби Жарко Иванов за анимираниот филм „Кружно патување на Марето“, авторската награда „Ацо Алексов“ му припадна на Лукас Бергер за филмот „Циркус Дебре Беран“ , а наградата за сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја освои Филип Сотниченко за филмот „Син“. Најдобар краток игран филм е „Никулец“ на Барни Фрајдман, а најдобар анимиран филм е „Приказна на мечето“ на Габриела Осорио Варгас.

Фестивалот, кој и годинава беше финансиски поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм на Р.М. завршува денес со проекциите на филмовите „Жед“ и „Тувалу“.