• Fri. May 17th, 2024

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“

Денес напладне во Кривичниот суд во Скопје ќе биде изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“ во која обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

По речиси четири години, судскиот процес за случајот „Насилство во Центар“ денес ќе добие разрешница, судијата Душан Јосифов ќе ја соопшти пресудата. Јанакиески вчера побара ослободителна пресуда.

„Нема докази дека јас ги координирам луѓето пред општината. Не знам како тоа сум го правел, со волшебно стапче или холограм. Ниту сум давал насоки, ниту пак сум поттикнувал“, порача обвинетиот Јанакиески.

Обвинителката Фатиме Фетаи бара максимални казни за организаторите на насилните протести, Миле Јанакиески и екс- премиерот, Никола Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *