• Mon. May 13th, 2024

Деинституционализација на лицата со попречености

Деинституционализација на лицата со попречености

Од над 400 лица помалку од 200 се останати во резиденцијалните установи во земјава, Демир Капија и Заводот во Банско. Се очекува до крајот на 2024-та година сите штитеници да бидат сместени во стамбени единици. Развивањето социјални услуги на локално ниво е еден од клучните предизвици за успешна деинституционализација. Се формираат капацитети за прифаќање и згрижување на лицата сместени во институциите, како мали групни домови или да се воспостават служби за живеење со поддршка во заедницата.

ОФФ: Министерката Тренчевска потенцира за фактот што во земјава нема дете под 18 години што не е извадено од конвенционалните институции. Имено, една година пред предвидениот рок преку процесот на деинституционализација сите деца се извадени од сиропиталиштата и се згрижени во мали групни домови или згрижувачки семејства.

ОФФ: Експертите од областа потенцираат дека со имплементацијата на овие вонинституционални форми на социјална заштита ќе се овозможи и спроведувањето на процесот на деинститунализација што пак ќе значи приближување до семејството, односно до локалната заедница, можност за реинтегрирање во заедницата но и повисок квалитет на услуги заради индивидуалниот третман на овие лица. Од друга страна на подолг рок тоа ќе значи и намалување на трошоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *