• Sun. May 19th, 2024

Девет земји од регионот учествуваа на првиот меѓународен карате турнир „Dojran Open 2023“

ByЃ. K.

Dec 2, 2023

Дојран изминатиов викенд беше меѓународен карате центар со организирањето на првиот меѓународен карате турнир „Dojran Open 2023″ на кој учество земаа девет држави од регионот.

На турнирот учествуваа над 400 натпреварувачи од 54 клубови од државата и регионот. Организатор на овој голем спортски настан е карате клубот ,,Дојран” од Дојран, во соработка со општина Дојран.

Севкупен победник на турнирот е тимот на КК „Сансаи“ од Кавадарци кои настапија со 50 натпреварувачи и освоија најмногу медали екипно и поединечно. Освен пехарите и медалите клубот доби и специјална награда за „Најдобар клуб на турнирот“ „Dojran Open 2023“.

Второто место севкупно во сите категории и дисциплини, според бројот на освоени награди му припадна на КК „Бонсаи“ од Прилеп, а третото на Карате клубот „Фигуесе“ од Косово.

На турнирот учествуваа 47 карате тимови од девет земји од регионот: Грција, Србија, Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Македонија и над 400 каратисти-натпреварувачи.

By Ѓ. K.