• Sat. May 18th, 2024

Граѓанскиоt сектор да биде вклучен во Регулаторна при креирање на цената на чинење на водата – ЦЕД ,,Флорозон” со кампања

ByВане Трајков

Sep 22, 2018

Центарот за Еколошка Демократија Флорозон и Организацијата на Потрошувачите на Република Македонија во соработка со Здружение на граѓани УТРО од Ново Село, како дел од националната кампања за промоција на инклузивно управување со водата, реализираа промотивен настан. Овој настан се организира во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, финансиран од Европската Унија.

Целта на промотивната кампања е подигнување на свеста кај граѓаните и другите општествени чинители за важноста на добрите практики при управувањето со водните ресурси како и укажување на потребата за поголема застапеност на граѓаните и граѓанските здруженија при процесот на реформите во водните политики. Кампањата врши промоција на досега спроведените проектни активности, и ги презентира можностите за учество на јавноста при формирање и спроведување на локалните политики за управување со водните ресурси.

Севкупната цел е поставена на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор има ограничени капацитети за учество управување со водите и управување со што, процесот на учество на јавноста, како што е предвидено од страна на национално, европско и меѓународно законодавство реално е попречено при што истите ги прави неодржливи, во делот на активно учествување во креирањето, спроведувањето и мониторингот на националните и локалните политики за управување со водите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *