• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот Стамов ќе даде негативно мислење за концесијата за геолошки истражувања на Башибоз

ByВане Трајков

Aug 24, 2017

Градоначалникот на општина Дојран ќе даде негативно мислење за  предлог одлуката за доделување концесија детални геолошки истражувања за локалитетот Башибос- Бајрамос  на Беласица над селото Николиќ. Тој ова го соопшти на неговиот официјален фб профил откако жителите на ова општина на 23 јули на референдум се изјаснија против  отварање рудници во нивната општина

,,Денес е точно еден месец од одржувањето на референдумот за рудниците во Дојран.
Денес имаме ново барање за нов рудник. Нормално, ќе дадам негативно мислење, засновано на референдумското изјансување,, напиша Стамов на својот ФБ профил

Барањето за мсилење доага од Министерството за економија потпишано од заменик генералниот секретар на Тахир Хани кое било испратено во јули ова година.

Инаку  станува збор за предлог одлука за доделување концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина бакар, злато ,сребро, олово и цинк на локалитетот Башибос Бајрамбос на Друштвово за промет и услуги Сурскор ДООЕЛ Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *