• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот Костадинов уживаше во прекрасната атмосфера на „Боемска вечер“ во Струмица

ByЃ. K.

Jul 27, 2023

Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, синоќа се случи музички настан на кој струмичани имаа можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски.

Репертоарот беше исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша.

Градоначалникот Костадинов исто така го поддржа настанот и уживаше во прекрасната атмосфера.

  • „Си ги сакаме и почитуваме домашните музичари. Не оти се наши, ама синоќа покажаа оти се и најдобри. Живко Динев и неговите гости Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и останатите музичари ни приредија прекрасна Боемска вечер во големиот градски парк. Беше тоа уште една вечер за паметење на Струмица опен фестивал“, истакна тој.

By Ѓ. K.