• Sat. May 18th, 2024

Градоначалникот Костадинов од денеска е почесен член на Организацијата на резервни офицери

ByЃ. K.

Nov 1, 2023

Од денеска градоначалникот Костадинов е почесен член на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија.

Тој му се заблагодари на претседателот Гоце Георгиев за врачената значка за почесното членство и на сите членови на Организацијата за взаемната почит и поддршка.

На средбата се разговараше за работата на Организацијата на резервни офицери, за слободарската и мириљубивата традиција и новите предизвици, а беше потврдено и продолжувањето на соработката.

„Работата ме исполнува, а ќе бидам нескромен ако кажам дека признанијата не ми значат, напротив уште повеќе ме мотивираат да го дадам најдоброто од себе и како човек и како градоначалник“, истакна градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.